Како на филм – копал во двор и нашол богатство

23 април, 20110
old-jewelry

Еден австриец нашол цело богатство додека копал во својот двор. Тој пронашол стотина парчиња накит и други вредни предмети стари по неколку векови, соопштиле австриските власти. “Бајките постојат. Едно лице пронајде сензационално богатство во својот двор“, се наведува во соопштението на австриската агенција за национални антиквитети, кои не прецизираа за колкава вредност станува збор. Сепак тие нагласиле дека се работи за едно од најважните откритија од средновековните богатства во Австрија.

Се започнало пред четри години кога среќниот откривач решил да го прошири малиот базен во дворот и пронашол повеќе од 200 прстени, брошеви, шноли, позлатени и сребрени чинии и други вредни предмети, кои биле украсени со бисери, корали и други орнаменти, јави АР. Неделникот “Профил“ напишал дека станува збор за одреден Александар К, кој живее јужно од Виена, кој пронајденото богатство го пријавил, дури откако фотографиите ги ставил на интернет, па така било привлечно вниманието на многу колекционери. За сега не се знае кога точно  лицето ги однело предметите во агенцијата за антиквитети и зошто австриските власти чекале толку долго да ја известат јавноста за тоа.

Богатството пројандено во дворот е старо околу 650 години и моментално се проценува неговото потекло и вредност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi