Како награди на деца им делеле оружје, бомби и пари

21 септември, 20110
0459007.48

Радио станицата Андулус, која е под контрола на исламистичка група Ал Шабаб во Сомалија , ги наградила децата кои најдобро ја познавале содржината на Куранот. Како главна награда на децата им било доделено оружје!

Радио станицата Андулус е сместена во Eлаши во близина на сомалискиот главен град на Могадишу. Децата кои освоиле прво место биле наградени со пушки АК-47 и парична награда од 700 долари, второпласираните деца исто така биле наградени со пушки АК-47 и 500 долари, додека децата кои го освоиле трето место биле наградени со по две рачни гранати и 400 долари парична награда. Покрај оружје децата биле наградени со книги кои содржеле религиозна содржина.

“Една рака за образование, друга за оружје”

Натпреварот се одржувал веќе трета година по ред, а предходната година биле наградени и децата кои најдобро фрлале гранати.

”Децата би требало едната рака да ја користат за образование, а другата за одбрана на исламот,”, изјавил за време на доделувањето на наградите Мукхтар Робоу, еден од лидерите на Ал Шабаб.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi