Се активира најсмртоносниот вулкан Тамбора

21 септември, 20110
tambora

Вулканот Тамбора на островот Сумбава во Индонезија повторно се активирал после 200 години. “Најсмртоносниот” вулкан последен пат се активирал во 1815 година, при што убил околу 90.000 луѓе.
Локалните власти во почетокот на оваа недела издале наредба за евакуација на населението во круг од три километри околу вулканот, но многумина кои живеат и подалеку од страв ги напуштиле своите домови, јавува АП. Од локалниот центар за вулканологија изјавиле дека вулканот уште во април се активирал, но сега потресите драстично се зголемиле, па затоа одлучиле на евакуација на населението.

– Покрај честите потреси, вулканот почнал да исфрла пепел и до 1400 метри во воздухот, информирале локалните власти.

Во април, 1815 година вулканот Тамбора еруптирал и од силната ерупцијата се направил кратер широк 11 километри. Локалните мештани мислат дека во вулканот се крие змеј кој спие, а вулканот ќе еруптира тогаш кога змејот ќе се налути.

– Ако го разбудиме змејот и пркосиме на природата. Ќе исфрли оган и ќе го уништи целото човештво, изјавил еден мештаните.

http://www.youtube.com/watch?v=xjaNVX6XoAM&feature=player_embedded

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi