Каква штета! Разбиена мрежа на елитна проституција!!!

18 јули, 20110
895

Хрватската полиција уапсила две лица и разоткрила ланец на проституција во која учествувале самонаречени старлети и манекенки, наводно пејачки со светла кариера.

Како што наведува весникот од Риека “Нови лист“, за една ноќ со нив познатите бизнисмени одвојувале од 300 до 1000 евра.

–  Кога некој деловен човек ќе посакал придружба од убави девојки или пак сексуални услуги, му наоѓавме придружничка од нашите ѕвезди. За тоа се плаќаше, зависно од типот на услугата од 300 до 1000 евра, ова се зборовите кои ги признал наводно организаторот на оваа елитна проституција во Хрватска.

Полицијата го уапсила и неговата помошничка, која во последните два месеци најмалку два пати ги предложувала девојките на клиентите кои биле заинтересирани за оваа елитна проституција.

Меѓу девојките имало самонаречени старлети, полууспешни манекенки и наводно пејачки на кои им претстои кариера, за кои долго време се соменвало дека по дружењето забавата со деловните мажи завршувале во кревет.

За оваа работа им биле плаѓани големи пари, а работеле по станови и хотели ширум Хрватска.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *