Каква среќа, наместо месо, месарот и дал ќеса полна пари! :)

1 ноември, 20110
evro

Касиерот во една месара во германскиот град Брауншвајг по грешка на муштериката и дал ќеса со 2000 евра во неа, наместо производите кои таа ги купила.

Евра, наместо месо, добила неименувана пензионерка, која платила пет евра за пакување на салами и телешки шницли, но за возврат добила  многу повеќе.

„Бев запрепастена и веднаш го повикав месарот, но работното време било завршено. Потоа повикав полиција и им ја објаснив целата ситуација“, изјавила чесната старица.

Полицијата наредниот ден ги вратила парите на сопственикот на месарата, кој изјавил дека дневниот промет го ставил во харитена ќеса покрај касата. Но, касиерот во момент на невнимание и збунетост ги збркал ќесите и погрешната и ја дал на старицата.

Чесната пензионерка од месарата добила 100 евра награда и бесплатната корпа со колбаси.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi