Зачинета пастрмка со бадеми

1 ноември, 20110
DSC02223

Потребни состојки:

  • 2 пастрмки
  • 100 гр. бадеми исечени по должина
  • 1 јајце
  • 3 лажици брашно
  • ½ лажичка кумин
  • ½ лажичка кориандер
  • ½ мелен црвен пипер
  • ½ сол
  • Мелен црн пипер

Припрема:

Во плиток сад измешајте го брашното и зачините, и наросете црн пипер.

Измијте и исчистете ја рибата, па оставете ја малку да се исуши. Секоја пастрмка извалкајте ја во смесата од брашно, па во разматеното јајце. Повторно потопете ги пастрмките во смесата со брашно, па во смесата со јајце, и на крај посипете ја целата површина на рибите со сечени бадеми.

Во тавче на оган ставете масло да се загрее на средна температура. Пржете ги рибите на едната страна се додека бадемите не потемнат, а потоа свртете ги и пржете ги на другата страна.

Испржената пастрмка послужете ја во чинија за сервирање украсена со моркови. Добар апетит.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi