Ќе стигне ли и ова кај нас?! Роботи ќе ни ги успиваат децата! :)
1 ноември, 20110
Данците измислиле робот кој ќе им помогне на децата за заспијат.
Представниците на данските предучилишни институции од општините Скандерборг и Силкеборг го покажале својот заеднички изум, робот за лулање и успивање на децата кои одат во јасли, пренела данската државна телевизија.
Децата кои одат во јасли, без оглед на времето, спијат во лулки, а задачата на роботот, кој се уште е во развојна фаза, да им го лула креветчето, со цел негувателките да добијат повеќе време и да обрнат повеќе внимание на други деца.