Адел: Немам рак на грлото!

Пејачката Адел неодамна изјавила дека мора да оди на операција на грлото, поради што ja откажала турнејата. Нејзините фанови многу бргу на Твитер почнале да шпекулираат дека 23-годишнata Адел има многу сериозни проблеми со грлото и дека можеби и е дијагностициран рак на грлото. Таа ги негирала тие шпекулации преку својот портпарол, кој изјавил дека гласините се лажни. “Сакаме да истакнеме дека Адел ќе оди на операција на гласните жици бидејќи се појавило крварење на истите. Сите други дијагнози се 100 проценти лажни”, изјавил портпаролот на Адел.
Во петокот било објавено дека младата пејачка набргу ќе оди на операција и дека се очекува брзо да закрепне”. Лекарите во моментов и одредиле одмор и помалку да пеење за да може што побргу да се врати на сцената.