Камбоџа со нови правила за заштита на жените
17 март, 20110

Властите во Камбоџа воведоа нови правила со цел да ги заштитат своите жени. Па така жените нема да имаат право да стапуваат во брак со мажи кои се постари од 50 години. Исто така тие нема да можат да стапат во брак со странски државјани кои имаат месечни примања кои се помали од 2.550 долари месечно.
Од Министерството за надворешни работи велат дека ова е направено со цел на жените да им се обезбеди пристоен живот. На ова пак жените реагираат негативно, сметаат дека со новите правила повторно се врши дискриминација на нивните права на сопствен избор.