Каменувале муслиманка до смрт бидејќи се пријавила на натпревар за убавина

31 мај, 20110
feredje_11

Деветнаесет годишната муслиманка Катја Корен ја каменувале до смрт во Украина бидејќи се пријавила на натпревар за убавина.
За убиството се сомничат тројца млади муслимани кои сметале дека Катја “треба да умре“ бидејќи ги прекршила исламските верски закони“, јавува “Дејли Маил“, пренесува Нетпрес.
Тинејџерката била пронајдена мртва во село кај местото Крима, близу нејзината куќа. Нејзиното тело било пронајдено закопано во шума, една недела откако таа исчезнала. Пријателите на Катја изјавиле дека таа сакала да се облекува модерно и дека на натпреварот за убавина била на седмото место.
Полицијата покренала истрага и уапсила едно 16 годишно момче кој во разговор со полицијата изјавил дека не се кае поради тоа што и го направил на Катја бидејќи таа “ги прекршила шеријатските закони“.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi