Караџиќ го рекетирал Аркан

1 јули, 20110
Former Bosnian Serb leader Karadzic stands in the court room of the International Criminal Tribunal for the Former Yugoslavia in The Hague

Поранешен полицаец Милорад Давидовиќ, сведочел во Хаг дека Караџиќ и Момчило Краљшник  добивале пари од “аркановецот” Војкан Џурковиќ.

Џурковиќ, според зборовите на сведоците на судењето на Караџиќ, ги ограбувал муслиманите од Бјелиње. Давидовиќ додал дека Караџиќ во 1995 година во Берлин, во текот на смотрата на паравојската на Жељко Ражнатовиќ Аркан, го одликувал и унапредил Џурковиќ, иако знаел дека тој учествувал во етничкото чистење.

Давидовиќ навел дека Џурковиќ лично му кажал дека Караџиќ и Крајшник давале процент од секоја протерана група на муслимани, и дека од група од 100 луѓе земал помеѓу 100 и 150 илјади марки.

“Џурковиќ јавно се пофалил дека дел од парите ги носел на вас и на Крајшник, затоа никој не го спречувал тоа, полицијата не работеше ништо, а траело од 1992 до 1995 година”, кажал Давидовиќ на оптужениот Караџиќ.

Тој прецизирал дека Џурковиќ кажал “најлон вреќи полни пари”доставувал лично или преку братот на Караџиќ, Лука и преку братот на Крајшник, Мирко.

Караџиќ тоа го нарекол еден вид игра, Давидовиќ со Џурковиќ, но сведокот рекол тоа било “службен разговор” и дека белешката за тоа ја пратил на тогашниот министер на внатрешни работи, Павеле Булатовиќ и го замолил да ја пренесе на претседателот на Србија, Слободан Милошевиќ.

Според зборовите на сведокот, Џурковиќ во 1992 година, со своите луѓе бркал од куќите илјадници муслимани, по список, кој го добивал од локалниот кризен штаб и врвот на Српската демократска партија.

Сведокот тврдел дека од Бјелиње тогаш биле протерани 80-90 % од муслиманите.

Давидовиќ опишал и како во Брчко го уапсил Горан Јелисиќ, кој ги убивал муслиманите. Не многу долго потоа Јелисиќ “некој го пуштил” на слобода.

Јелесиќ ги вадеше луѓето од редовите за пасош и ги убиваше без никаква причина. На се тоа молчеше и полицијата и војската и властите и кризниот штаб. Проблемот беше во тоа што полицијата се измеша со криминалците, таму беа некои Пеја, Саша, Легија, криминалец до криминалец,  кажал Давидовиќ, именувајќи го лидерот “аркановецот”.

Како образец на делувања на паравојската, како што се “ жолти оси”, “аркановци” или “црвени баретки”, кои ги нарекол “пси на војната“ и “криминалци”, Давидовиќ навел дека по доаѓањето во градовите веднаш ја превземале контролата над полициските станици, додека регуларната полиција “молчела”, иако била способна да ги разоружа и да ги уапси.

За наредбите за сузбивање на паравојската, кои му ги изрекол Караџиќ, во текот на испрашувањето, Давидовиќ рекол:

“Јас не знаев дека сте пишувале толку наредби против паравосјката, но не ми е јасно како е можно да немавте луѓе кои ќе го направат тоа на легален начин. Да ја имав јас вашата поддршка, јас би се вратил во Република Српска, и бидете уверен дека вие денес немаше да бидете тука кај што сега сте”

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi