Кралската невеста Кејт Мидлтон не била секогаш популарна девојка во Англија. Според поранешните соученици на Кејт, таа не била омилената девојка која сите ја сакаат. Во тинејџерските денови Кејт имала проблеми од страна на група девојки, кои постојано ја задевале. Таа била прилично мека и некои тоа го злоупотербувале.
Кејт не сакала да ги коментира изјавите на нејзините поранешни соученици. Други познати личности кои ги имаат раскажано болните искуства од нивните тинејџерски денови се: Деми Ловато, Џесика Симпсон, Винона Рајдер и Кејт Винслет.