Жена извлечена жива од згмечен камион

5 април, 20110
Жена извлечена жива од згмечен камион
Кинески пожарникари успеале да спасат жена и да ја извлечат жива од згмечена кабина на камион, која останала заглавена во возилото по тешка сообраќајка.
До несреќата дошло на автопат во близина на кинескиот град Донгхаи во провинцијата Јиангсу. Возачот на камионот изгубил контрола врз возилото и се превртел во мала провалија крај патот. По сообраќајката тој преку прозорецот успеал да излезе од камионот, но неговата сопруга останала заглавена во згмечената кабина. Пожарникарите, кои пристигнале за кратко време, прво се обиделе да ја рашират кабината со хидраулична дигалка, и жената да ја извлечат низ прозорецот. Но, ситуацијата станала драматична кога увделе дека од резервоарот на камионот тече гориво. За среќа тие успеале во намерата и за само неколку минути ја извлекле жената од згмечената кабина.
http://www.youtube.com/watch?v=L6DILs4cZag&feature=player_embedded

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi