Идната принцеза Кејт Мидлтон е под невиден притисок заради претстојната венчавка. Заради тоа Кејт се стекна со една лоша навика, таа повторно почна да пуши.
Кејт е под огромен притисок, ја најавуваат како свадба на векот и само покојната Дијана би можела да ја разбере Кејт, изјави извор близок на семејството. Инаку Кејт ги откажала цигарите бидејќи му сметале на принцот Вилијам, но напнатоста околу свадбата ја натерало да се врати на старата лоша навика.