Кејт Мос има прекрасна сестра! Родителите мислат дека се уште е млада за да биде модел!?

15 ноември, 20110
00

Тринаесетгодишната Шарлот Мос, помладата сестра на супер моделот Кејт, ја заинтригирала јавноста со нејзината убавина на свадбата на Кејт, па на инсистирање на агентите ги снимила своите први професионални фотографии. Шарлот, кој преферира да ја нарекуваат Лоти, е изненадувачки убава, и веќе сега има смисла за позирање, исто како нејзината позната сестра.

Лоти своето прво снимање го направила пред фотографот Андреа Картер-Бауман, а сликите се направени во црно-бело боја и ја прикажува Лоти во различни комбинации кои се доста сериозни за едно девојче од тринаесет години. Лоти е облечена во кратки шорцеви и јакна кои прекрасно и се вклопуваат, но сепак повеќе би одговрале за возраста на нејзината сестра, отколку за неа.

Со оглед на нејзината висина, убаво тело и фотогеничност, на семејството Мос веќе почнале да им се јавуваат многу модни агенти, но сепак семејството смета дека нивната Лоти се уште е премногу млада за оваа работа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *