Кејт заблескала во црн фустан на доделувањето на наградите во Лондон

20 декември, 20110
0

Војвоткињата од Кембриџ во друштво на сопругот Вилијам и неговиот брат Хари дошла на доделувањето на наградите Sub Military Awards, и била импресивна во црниот долг фустан.

Војводата и војводкињата од Кембриџ, принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт, во друштво на братот на Вилијам-Хари, се појавиле во лондонски музеј на доделувањето на наградите The Sun Military Awards кои се врачуваат на цивили кои служат во британската армија.

Кејт пленела појавувајќи се на црвениот тепих во долг црн фустан од Александар МекКвин. Носела скапоцен. Носела скапоцен накит кој го добила како свадбен поклон, дијамантски менѓуши, нараквица и ѓердан. Војвоткињата не ја симнувала насмевката од лицето дур со сопругот и Хари иделе према музејот. Помеѓу поканетите биле и Дејвид Бекам кој дошол во друштво на своите два синови, Бруклин(12) и Ромео(9). Фудбалерот се појавил во црно одело со лептир-машна баш како и принцевите Вилијам и Хари.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma