Кели Озборн со недели шетала со скршена нога

14 јуни, 20110
0_61_osbourne_kelly

Кели Озборн веќе со години има проблеми со ногата. Главната причина за тоа е фактот дека таа со недели шетала со скршена нога и покрај силната болка таа не била свесна за сериозноста на повредата.”Со недели одев со скршена нога пред да сфатам дека нешто не е во ред. Често пати поради дебелината имам болки во нозете, но кога конечно посетив лекар открив дека имам неколку фрактури“, изјавила Кели.

Иако треба да оди на операција на која докторите треба и ги ги исправат коските кои криво сраснале, Кели тоа го одложува и голта таблети: “Одење на операција поради која со месеци не ќе можам да одам не доаѓа во предвид. И понатаму имам силни болки , но веќе се навикнав на употреба на ибупрофен и ставање на облоги, иако се плашам дека не ќе можам вечно да ја одложувам операцијата“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *