Британската манекенка Kelly Brook имала спонтан абортус и го изгубила бебето во четвртиот месец од бременоста. Таа и нејзиниот партнер Thom Evans, преку својата гласноговорничка ги замолиле новинарите и сите медиуми да ги поштедат од секакви коментари и да ги остават сами во овие трагични моменти.
Инаку за бременоста, Kelly ги информираше своите фанови на Twitter кога напиша: Јас и Thom ќе имаме девојче, и навистина сме среќни за тоа.