
Атрактивната актерка Кетрин Зета Џонс заврши во психијатриска болница поради биполарно пореметување. Најпрво нејзините гласноговорници се обидуваа да ја демантираат веста но, на крајот изјавија: По долгогодишната борба со стресот, Кетрин донесе одлука да се пријави во установа за лечење на ментални болести, каде ќе остане краток период, како би се излечила од биполарното пореметување.
Биполарно пореметување е генетска болест која предизвикува пореметување на рамнотежата на расположението, за која се карактеристични чести промени на расположението. Но, со правилна терапија тоа може успешно да се контролира.