Ким Кардашијан има проблем во изборот на венчаници
6 јуни, 20110

Популарната Ким Кардашијан, која неодамна се вери со кошаркарот Крис Хамфрис, веќе започна во потрага на совршена венчаница, но тоа засега не и оди од рака. Главниот проблем е тоа што неможе да се одлучи за стилот на фустанот во кој ќе го каже судбоносното “да“. “Постојано го менувам мислењето. Дефинитивно сакам нешто уникатно, па ќе треба време додека не го смислам сето тоа. Засега немам ништо на ум. Дефинитивно морам да седнам и да смислам каква венчаница сакам”, изјавува Ким. Венчавката се планира да се случи во текот на наредните два месеца.