Убавата актерка Кира Најтли е повторно вљубена. Таа е видена на прошетка со новото момче, музичарот Џејмс Рајтон во паркот во Лондон.
Таа пред неколку месеци ја прекина долгогодишната врска со Руперт Френд, но очигледно тоа е веќе минато штом таа изгледа среќно со Џејмс.
Се претпоставува дека главната улога за нивното запознавање ја има нивната заедничка пријателка Алекса Чанг, која на прашањето дали Кира и Џејмс се заедно одговорила дека попрво не би одговорила на прашањето.