Кивито –сојузник за долговечен живот

24 декември, 20110
kivi

Кивито е едно од најдобрите „зимски“ овошја, особено кога станува збор за нашиот имунитет. Според последните истражувања, егзотичните овошја, а особено кивито, е сојузник во борба против високиот крвен притисок кој предизвикува многу здравствени проблеми.

Кивито благотворно делува на кожата на лицето и телото и содржи огромен број витамини и минерали кои му се потребни на вашето тело за да остане здраво.

Ова овошје е богато и со антиоксидансот лутеин, кое благотворно дејствува на крвниот притисок, а исто така содржи и калиум кој игра важна улога во контрола на притисокот.

Нутриционистите препорачуваат конзумирање на 2 до 4 киви секој ден, кои ќе ви помогнат да го зајакнете имунитетот, да го регулирате притисокот и да имате убава и цврста кожа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *