Ќе го апсат затоа што има болна фантазија?!?

31 декември, 20110
Untitled-2

Енрике Гомез Де Молина е уметник од Мајами кој креира бизарни скулптури, препарирајќи и спојувајќи различни видови животни. Иако препарирањето на животните не е ништо ново, она што Де Молина го прави е спојување на делови од животни за да создаде нови видови. За некои тоа е уметност, но за многумина тоа едноставно е болна фантазија на некој психопат.

Де Молина се соочува со казна затвор и 250.000 долари парична казна, а како причина е наведен фактот дека тој увезувал загрозени видови на животни, обвинение за кое тој се изјаснил како виновен.

Според полицијата, Де Молина ги немал сите потребни дозволи за увезување на животни и делови од животни, туку едноставно барал од луѓе да му ги испраќаат по пошта во хартиени кеси. Неговите дела на интернет се продаваат со цена од околу 80.000 долари, а две дела биле продадени за 100.000 долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *