Ќе има ли воени дејствија на Косово?! Општа мобилизација за…?

2 август, 20110
ht1_414523S1

Косовскиот премиер Хашим Тачи издал наредба за општа мобилизација на безбедносните агенции на Косово, објавила СРНА. Целта на оваа акција, како што е објаснето од страна на премиерот на Косово е зголемување на подготвеноста на највисоко нивово во случај на повреда на националниот суверенитет и територијалниот интегритет на Косово.
Тачи ја презел улогата на врховен командант на силите на Косово, и им наредил да дејствуваат во координација со меѓународните механизми за деблокирање на патиштата во северниот дел на Косово за да се овозможи слобода на движење.
Тој исто така наредил да се преземат сите мерки за помош на загрозените граѓани во северно Косово, со цел да се избегне хуманитарна катастрофа, создавајќи нови коридори за снабдување.
За да се најде решение за смирување на ситуацијата во Рашка пристигнал посредникот на ЕУ во дијалогот меѓу Белград и Приштина, Роберт Купер, кој се сретнал Борислав Стефановиќ и министерот Горан Богдановиќ. Средба со командантот на КФОР Ерхард Булер не се реализирала бидејќи како што наводи КФОР, тие илегално влегле на територијата на Косово.
Средбата Стефановиќ и Богдановиќ со посредникот на ЕУ, Роберт Купер се одвива зад затворени врати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *