Ќерката на Mick Jagger, Lizzy Jagger, позирала за Јунското издание на часописот „Playboy“. Таа тоа го направила откако добила дозвола од својот познат татко. Да потсетиме дека Lizzy е најстарата ќерка на Mick Jagger од бракот со бившата манекенка Jerry Hall.
На насловната страна Lizzy е со пуштена долга коса но не толку провокативна, но во внатрешниот дел на списанието веќе може да се види во топлес издание со високи чизми до колена.
Lizzy Jagger ова го посакувала уште пред 6 години кога станала полнолетна, но Mick Jagger тогаш тоа не и го дозволил.
Да потсетиме дека и мајката на Lizzy, Jerry Hall се има појавено во магазинот „Playboy“ со полни 29 години.