Одењето доцна во кревет го шири стомакот?

12 мај, 20110
sleeping and eating

Една нова студија покажува дека доколку сакате да останете будни до доцна во ноќта,  можете да очекувате зголемување на вашиот стук.

Луѓето кои не си легнуваат на време внесуваат повеќе калории, побрзо јадат и понеквалитетно од луѓето кои си легнуваат порано.

Во студијата во која учествувале 51 испитаници, 23 лица кои доцна си легнуваат и 28 кои рано легнуваат, покажало дека оние кои си елгнуваат покасно конзумираат 248 калории повеле од другите, а тоа е два пати повеќе внесување маснотии, а помалку внесување на овошје и зеленчук.

Просечната возраст на испитаниците била 30 години. Оние кои одат во кревет покасно, обично во просек легнуваат во 3:45, а се будат во 10:45, појадуваат на пладне, ручаат по 14:30, а вечераат по 18:15, а последен оброк имаат во 22 часот.Оние кои опорано си легнуваат, се  будат во 8, појадуваат во 9, ручаат во 13, вечераат во 19 часот, а најчесто одат на спиење пред 00:30 часот.

Испитаниците воделе записник за своите навики во текот на една недела, а н оселе и специјална нараквица која им го следела спиењето во седум дена.

Ова истражување лпе ги поврзува спиењето и тежината, покажува дека врската помеѓу калориите е тесно поврзана со спиењето. Ова истражување може да биде од корист на луѓето кои тешко губат килограми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi