Клинтон: Деновите на Гадафи се избројани

popara14 јули, 20111min00
hillary-clinton-food-security
Државната секретарка на САД, Хилари Клинтон во Вашингтон рекла дека деновите на либискиот лидер Моамер Гадафи се избројани затоа што бунтовниците напредуваат на теренот.
На заедничка конференција за новинари во Вашингтон со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, Клинтон рекла дека полковникот Гадафи не ги исполнил барањата на “меѓународната заедница“ да ги повлече трупите и да си оди од власт.
“Иако ниту ние, ниту Русија, не можеме да го предвидиме денот кога Гадафи ќе си замине од власт, согласни сме дека неговите денови се избројани“, рекла таа.
Државната секретарка работи на случајот ’Либија’ со Москва која во март се воздржа од гласање за резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации, со која се дозволи воена акција на меѓународните сили против Триполи.
Русија е против воената интервенција на НАТО, а Лавров вчера не го прифати повикот да се придружи на состанокот на Контакт групата за Либија, закажан за петок во Истанбул.
“Ќе продолжиме да соработуваме со нашите меѓународни сојузници, особено со Русија, за да се зголеми притисокот врз Гадафи и неговиот режим“, рекла Клинтон која изразила надеж дека прекин на огнот ќе овозможи либискиот народ сам да ја обликува својата иднина.
Бунтовниците во средата во тешките борби се приближија до клучниот град Ал Ашаб, на 80 километри јужно од Триполи.
Извор: Нетпресс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag