Ливерпул вчера го доведе Џордан Хендерсон за 20 милиони фунти, кој веднаш по потпишување на договорот замина во репрезентацијата на Данска до 21 година, која се подготвува за претстојното ЕП за млади фудбалери.
Се шпекулираше дека напаѓачот Давид Н’Гог ќе замине во спротивен смер, поточно во Сандерленд, но тој сепак остана на “Мерсисајд”.
Славниот клуб потоа се насочи кон левиот бек на Арсенал, Гаел Клиши, кој сеуште нема потпишано нов договор.
Арсен Венгер можеби ќе биде приморан да го продаде, бидејќи веќе 6 години нема трофеј на ”Емирејтс”, а Ливерпул тоа би можел да го искористи и да го откупи одличниот бек за само 5 милиони фунти!
Кени Далглиш го цени овој играј, овие денови ќе испрати понуда, но ќе има силна конкуренција во Реал Мадрид, Милан, Рома, Интер и Јувентус.