Во напад на Мисрата силите на Гадафи убиле 22 лица

11 јуни, 20110
800_ap_misrata_besieged_libya_110423
Најмалку 22 лица биле убиени во напад на силите на либискиот лидер Моамер Гадафи на Мисрата. Лекар во тамошната болница рекол дека силите на Гадафи користеле тенкови, артилерија и гранати во бомбардирањето на Дафни, град на околу 30 километри од Мисрата, пишува “Танјуг“, пренесува НетПрес.
Според зборовите на лекарот, најмалку 61 лице било рането во нападите кои започнале утрото во десет часот по локално време.
Бунтовниците претходно соопштиле дека силите на Гадафи ги нападнале нивните позиции во регионот на Западните планини во текот на ноќта и ја обвинија Алијансата дека не прави доволно да ги спречи.
“Силите на Гадафи го напаѓаат Зинтан со гранати“, изјавил портпаролот на бунтовниците Абдулрахман, мислејќи на град кој се наоѓа 160 километри југозападно од Триполи.
Другиот портпарол Џума Ибрахин рекол дека силите на Гадафи ги нападнале и градовите Јафран и Налут и ги засилуваат своите редови во близина на границата со Тунис за повторно да го заземат граничниот премин Вазин.
Во Триполи исто така се слушнале силни експлозии некаде после полноќ што е вообичаено време кога НАТО ги изведува воздушните напади на либиската престолнина.
НАТО, во меѓувреме, го демантирал извештајот на либиската државна телевизија дека либиските сили собориле хеликоптер на НАТО во морето, во близина на градот Злитан. Либиската државна телевизија цитирала воен портпарол кој рекол дека тоа е трето летало кое либиските сили го собориле откако НАТО ги започнал воздушните напади на таа земја во март.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber