Кочански насилници претепале локални функционери поради наддавање за базен

popara12 мај, 20111min00
o

Осум лица од Кочани насилно влегле во канцеларијата на помошник директорот на кочански “Водовод“, каде со тупаници го нападнале него и уште еден вработен, а и едно лице кое се нашло таму во моментот.

Откако вработениот извадил пиштол, кој го поседувал со дозвола тие веднаш побегнале, по што тие веднаш биле пренесени во штипската болница.

Причината за инцидентот била изнајмувањето на еден локал во чиј склоп се наоѓале базен и дискотека кој долги години наназад бил издаван по минимална цена на блиски на насилниците, дознава Нетпрес.

Имено, на претходните лицитации немало ниту еден пријавен, освен нив, со што наддавањата биле поништувани и локалот им бил доделуван во непосредна спогодба.

На вчерашното наддавање се појавило уште едно лице, по што се прекинало истото и тие веднаш потоа упаднале во зградата на кочанскиот “Водовод“. Советник од листата на ВМРО-ДПМНЕ, кој котира високо, лично се јавувал на високи полициски службеници надлежни за тој реон, од каде веднаш биле испратени полициски тимови кои ги привеле насилниците и ги задржале во полициска станица.

Кочанската полиција поднесе кривична пријава против сите пет лица за сторено кривично дело “насилство“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma