Џони Деп од секогаш бил помалку бунтовничи расположен. Дека е тоа така потврдува и неговата приказна од детството.
Во приказната од школските денови, тој зборуваше за лошата учителка. Таа беше лоша, премногу строга, арогантна и доколку не сте во групата на нејзините омилени тогаш таа ќе ве исмејува, изјавил Џони. Имаше една ситуација во која таа ми се приближи премногу блиску до лицето и почна да ми вика. Јас на тоа и вратив во мој стил, се соблеков и и го покажав мојот задник. Заради тоа бев две недели суспендиран од училиштето, додал Џони.