Роналдо: Барселона можеби е најдобра, но и ние сме тука

14 април, 20110
1

Најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо беше задоволен од пласманот на Мадриѓаните во полуфиналето од Лигата на Шампионите. Тој ја донесе рутински минималната победа на вчерашното гостување кај Тотенхем, Реал на убедлив начин заврши во полуфиналето. И нивниот следен противник беше убедлив против Шахтјор, а Роналдо веќе е со мислите кон тие натпревари. “Среќен сум поради играњеро во следната фаза. Тотенхем е одличен тим, но ние завршивме добра работа во двата натпревари. Направивме голем чекор кон финалето. Ќе се соочиме со најтешкиот противник во полуфиналето и мораме да бидеме подготвени. Ќе се припремаме поинаку за секој натпревар со Барселона” изјави Роналдо. Верува во својата екипа, за која смета дека може да се носи со Каталонците. “Барселона е еден од најдобрите тимови во светот, но тоа сме и ние! Мораме да веруваме дека можеме да ги победиме. Имаме добра серија и имаме голема самодоверба. Тимот со помалку грешки ќе се најде во финалето. Се надевам дека тоа ќе биде Реал Мадрид” порача Роналдо од ‘Вајт Харт Лејн’. Веќе оваа сабота започнува “Ел Класико манијата” првиот дуел од четирите во низа, дуелот во Примера.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *