Кога твојот нос знае кој е BOSS :))! Носот кажува какви сте во кревет! :)))

popara21 август, 20111min01
kakav nos takav ponos

Битно е каков е и колкав е!

Ако сакате од прв поглед да дознаете нешто повеќе за вашиот партнер, погледнете го во носот и откријте ги тајните што ги крие.
Историјата на кинеската умешност за читање од лицето е долга  повеќе од 3.000 години. Според изгледот на усните или бојата на очите можете многу да дознаете за некого. Сепак, обликот и големината на носот се најдобрите показатели за карактерот на човекот. Тој ја разоткрива животната енергија и сексуална потенција на човекот.

НАПРЧЕН
Тој е разумен, практичен и сталожен. Има многу пријатели и е најсреќен кога може да им помогне на луѓето што ги сака. Многу е духовит и забавен и секогаш е во центарот на вниманието. Амбициозен е и се труди на професионален план да успее. Доколку си дозволите да му ја доверите својата најинтимна тајна, бидете убедени дека тој никогаш никому нема да ја каже.

Не ги сака авантурите и ужива во долгите и романтични љубовни врски.
ПРАВИЛЕН

Бргу се вљубува и ги сака долгите врски. Верен е, но во исто време е и љубоморен. Многу е љубопитен и е наклонет кон експериментирање. Сака да анализира ситуации, па луѓето честопати го доживуваат како „давеж“. Го привлекуваат срамежливи жени, околу кои мора да се потруди за да ги освои. Прилично е вообразен и е склон кон омаловажување на луѓето кои се послаби од него.

ДЕБЕЛ

Великодушен е и емотивен. Тешко ги искажува чувствата. Ако ја дочека 40-тата без партнерка, постои можност никогаш да не се ожени. Ако сака нешто да постигне во животот, ќе мора добро да се измачи. Како љубовник е одличен и знае да ја усреќи својата партнерка. Сака да доминира, заради што обично има проблеми во врската. Сака силни и стабилни жени, кои ќе му бидат потпора кога ќе западне во криза.

КУКЕСТ
На прв поглед тој е силен, стабилен и упорен. Меѓутоа, под таа маска се крие несигурен маж, кој често не е во состојба сам да ги реши своите проблеми. Многу е нетрпелив, сака да се расправа, мисли дека само тој е во право, па луѓето често го доживуваат како зајадлив. Љубовните врски често го привлекуваат само заради задоволување на сексуалните потреби и ништо повеќе, па за него долгите врски се глупост.

Нословците се подобри љубовници

Дека големината на носот на мажот ги следи димензиите на неговата машкост, е популарен мит кој науката го демантирала, но каде има чад има и оган. Голем нос може да почувствува повеќе различни мириси, а што повеќе ви е изострено сетилото за мирис, почесто ве привлекува и спротивниот пол. Затоа нословците се сексулано поактивни!


Го покажува карактерот

* Долг нос обично имаат конзервативните личности.
* Предолгиот нос укажува на склоност кон интелектуални постигнувања, но и на каприциозност.
* Широкиот нос зборува за цврст карактер и мирен темперамент.
* Малиот нос е карактеристика за ведрите, отворените и дружељубивите луѓе.

One comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag