Кога жените го избегнуваат сексот?

13 јануари, 20110
sad-woman

Една од главните предности на долгата врска е фактот дека ќе имате редовен интимен живот. За мажите тој аспект од врската е од огромна важност. Сепак, жените можат да го користат и сексот како оружје против партнерот.Некои жени го избегнуваат сексот со партнерот поради одредени причини, други пак измислуваат причини. За еден маж одбивањето пристигнува како груба и неочекувана казна. Еве и дел од причините кои можат да ја натераат жената да го избегнува сексот:

Лута е
Овој случај најчесто се сретнува. Ако мажот направил нешто што ја налутило жената, последно нешто што таа го сака во моментот кога е тажна, изнервирана или збунета е сексот. Решение на овој случај би било брзото лоцирање и решавање на проблемот кој ги предизвикал овие негативни емоции.

Се обидува да контролира
Тоа може да се случи ако таа доминира во врската. Таа може да се воздржи од секс само за да покаже кој е шефот во кревет. Ова однесување може да биде поттикнато од различни фактори, како арогантен шеф или пак доминантна другарка. Решение на проблемот би било признавањето и комплиментите поврзани со нејзината сексуалност. На тој начин таа нема веќе да има потреба да докажува нешто.

Манипулира
Кога не функционира ниту еден метод за да добие нешто, жената на мажот му ги одзема сексуалните привилегии се додека тој не почне да ја моли. Најлесен начин да се реши оваа ситуација е да и се даде тоа што го сака. Ако тоа не е возможно, тогаш треба да се проба со нешто приближно или слично.

Од досада
Жената може да го избегнува сексот, бидејќи не и се допаѓа. Некои претпочитаат да разговараат на таа тема и да го решат проблемот а други пак го избегнуваат. Во ваков случај треба да се проба нешто ново на интимен план. Инспирација може да биде и посета на секс-продавница или пак книга со совети. Некогаш и обидите за да се промени нешто влијаат позитивно.

Замор
Активностите што таа ги извршува можат да бидат навистина исцрпувачки. Така што решение за ова е само релаксирачка терапија, како топла бања или масажа. Кога жената е опуштена и расгалена се чувствува секси.

Мамење
Жената го избегнува сексот и кога изневерува. Тоа е веќе вистински проблем. Причини за тоа може да има многу, меѓу која и недостаток од секс во врската. Решението и како понатаму ќе продолжи врската зависи од двајцата партнери

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *