Кои се ерогените зони на мажот?

24 мај, 20110
date-snob-large-new-92584426

Можеби знаете кој начин на допирање го сака вашиот партнер, но дали знаевте каде треба да го допрете, на кои делови од неговото тело тој е најчувствителен?

Ерогени зони на мажот се:

1.  Стапалата. Доколку сакате да го возбудите својот партнер почнете со масажа на неговите стапала. Особено обрнете внимание на петите, и ќе видите дека тој ќе почне да ја губи контролата. Доколку ги допрете вашите гради или лице на неговите пети тој целосно ќе ви се предаде.

2.  Уши. Неверојатно е колку овој дел од телото е чувствителен кај мажот, а жената целосно го запоставува. Пробајте со прстите да го потегнете нежно надолу, делот каде се спојува ушната ресичка со лицето. Повторете ја постапката неколку пати, неприметно.

3.  Позади колената. Тоа е прилично скокотливо место, но во текот на предиграта се претвара во ерогена зона. Многу мажи уживаат кога ги допираат или бакнуваат на ова место.

4.  Долниот дел од стомакот. Почнете од папакот и продолжете кон “југ”. Бакнувајте го нежно со влажни усни. Реакцијата ќе биде одлична.

5.  Очните капаци. Кога неговите очи се затворени, бакнувајте му ги очните капаци нежно и внимателно. Тоа може многу брзо да го возбуди.

6.  Врат. Не мора секогаш овој дел од телото да го опсипувате со бакнежи, иако и тие одлично делуваат. Пробајте со некој предмет, на пример со пердув. Поминувајте нежно по вратот додека го бакнувате на друго место.

7.  Чело. Главата и челото се преплавени со нервни завршетоци. Бакнежите и нежните допири на ова место сексуално ќе го возбудат партнерот.

8.  Психа. Психата е моќна ерогена зона. Шепнете му нешто “врело” на вашиот партнер. Тие зборови може многу да предизвикаат. Кога мозокот ќе се возбуди телото тоа мора да го прати.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *