Тодоров на клупата на МЗТ Скопје, Војновиќ спортски директор

24 мај, 20110
Aleksandar Todorov Rilski Sportist Press

Александар Тодоров е новиот шеф на стручниот штаб на екипата на МЗТ Скопје, одлучи раководството на клубот од “Јане Сандански”.

На местото на досегашниот тренер Игор Гацов, кој МЗТ Скопје спогодбено го прекина договорот, за нов шеф на стручиот штаб е именуван Александар Тодоров. Во врска со временски рамки за траење на договорот нема информации, освен најавите дека МЗТ овој пат ќе проба да работи на долги патеки.

МЗТ Скопје ќе биде дополнително подзасилен, и тоа во оној спортски дел. Имено, за нов спортски директор на МЗТ Скопје е поставен Ѓорѓе Војновиќ. Играчката легенда на “металците”, наш поранешен репрезентативец и
екс генерален секретар на македонската кошаркарска федерација, ја прифатил понудата за оваа функција. Од друга страна и Видоја Секулоски останува
во МЗТ Скопје, но сега со поголеми задолженија во оној технички дел од работите кои ги бара функционирањето на еден професионален клуб.

Во МЗТ планираат многу поголем ангажман на Војновиќ и во средувањето пред се на оној младински погон на клубот.

Досегашната кариера на Тодоров:- тренер на МЗТ Скопје 2000/01, кога стигна до финале-плеј-оф, и учество на “Фајнал-фор” турнирот од Куп на Македонија.
2001/2001 – тренер на КК Куманово, со кого оствари историски успех, пласман во финалето на плеј-офот и на финалниот турнир од Купот на Македонија.
2002/2004 – тренер на КК Вардар-Скопје, каде во првата сезона стигна до третото место на табелата, а во втората, второ учество на финалниот турнир од Купот на Македонија.
2004/2005 – тренер на екипата на ФОН-Струга со која заврши како четвртопласирана во регуларниот дел и полуфиналето на плеј-офот, најголем успех на клубот.
2005/2007 – тренер на екипата на Анкара Баскет, каде во втората сезона финишираше како четвртопласиран, најдобар резултат во историјата на овој турски клуб.
2007/2008 – по вторпат тренер на МЗТ Скопје, а во истата година станува и асистент-тренер во националниот тим на Македонија кој го предводи селекторот Јовица Арсиќ.
2008/2011 – тренер на Рилски Спортист од Самоков. Во првата сезона победник на првото
издание на БИБЛ лигата и полуфинале во плеј-офот на Бугарија, а следната и финалист во Купот на Бугарија.
2011/2012 – по трет пат во кариерата станува тренер на МЗТ Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi