Властите на словачкиот град Врутки имаат намера да изградат бетонски ѕид, висок два метри, за да ги разграничат Ромите од словачкото население, пренесуваат словачките агенции.
Градоначалникот Мирослав Мазур, во вестите на телевизијата “ТАЗ“ ја образложил оваа одлука на локалните власти велејќи дека “во последните пет години Словаците се чувствуваат вознемирено и загрозено“ од ромското население.
Полицијата, нагласил Мазур, не може да излезе на крај со проблемите и станала цел на ноќни напади.
Во четири општински згради во ромската населба се пријавени 212 лица, а неофицијално таму живеат поголем број луѓе, чиј точен број не е познат.
И покрај меѓународната критика, повеќе словачки општини имаат подигнато ѕидови и огради за одделување од ромските населби.
Во Словачка живеат околу половина милион Роми.
Извор: Нетпрес