Фудбалерот на Милан, Алесандре Пато најверојатно нема да може да и помогне на својата земја на претстојното првенство на Јужна Амрика, кое почиња на 1-ви јули во Аргентина. Причина е повредата на рамото која ја заработи на последниот меч од Серија А за оваа сезона и дуелот со Удинезе. Според првите информации, младиот Бразилец нема да мора да оди на операција, но враќањето од оваа повреда ќе трае најмалку еден месец, па така нема да може да им се приклучи на својте колеги на подготовките.