Кои се најплатените актерки на Форбс листата?

6 јули, 20110
Angelina_Jolie_6

Магазинот Форбс направи уште една топ листа, за тоа кои се најплатените актерки за оваа година. Први на листата се Анџелина Џоли и Сара Џесика Паркер.

Анџелина Џоли го има првото место. Таа во изминатава година заработила 30 милиони долари. На оваа листа Анџелина се најде на првото место благодарение на меѓународниот успех на акцијата Salt, која постигна заработка од 300 милиони долари. Исто така и успехот кој го постигна со Турист, кој постигна 280 милиони долари заработувачка.

Што се однесува на Сара Џесика Паркер, таа најголем дел од заработувачката ја остварила од репризата на нејзината хит серија Сексот и градот, каде глумеше таа самата но и беше продуцент. Исто така филмот Сексот и градот 2, оствари голема заработувачка, вкупно 290 милиони долари. Можеби ќе се изненадите дека ја гледате Сара високо на листата, но таа заработува и од парфемите, рекламите и од многу други проекти, пишува Форбс.

По нив следат Џенифер Анистон и Риси Витерспун, кои заработиле по 28 милиони долари.

Од мај минатата година до мај оваа година првите десет актерки на оваа листа заработиле сите заедно, вкупно 218 милиони долари.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi