Лили Ален или “Бриџит Џонс”

6 јули, 20110
lily_allen_new_video_the_fear

Пејачката потврдила дека ги завршува песните за мјузиклот ” Дневникот на Бриџит Џонс”, кој премиерно ќе биде изваден следната година во Лондон.

По два спонтани абортуси пејачка вели дека дефинитивно ќе се откаже од кариерата како пејачка, но не и од занимавањето со музика, бидејќи “нотите течат по нејзините вени”.

Сепак,настапите во живо и недостигаат , па можно е фановите да ги изненади сп нов сингл, а до тогаш вредно работи на мјузиклот кој средината на следната година ќе биде претставен на лондонскиот “Вест Енд”.

“Две песни се подготвени и ние сме задоволни од тоа како се изработени. Не брзаме и тоа е добро затоа што сакаме претставата да биде совршена. Во паузите пишувам нови песни, но не за мојот албум, туку за други пејачи … Навистина ми недостигаат настапите во живо, ми недостасува да ги пејам своите песни пред публика и да ги набљудувам нивните лица и реакции – верувајте ми, тоа за мене беше навистина нешто посебно “.

Една од причините зошто таа не планира да оди на турнеја е и нејзиниот сопруг Сем Купер.

“Не можам да се согласам на турнеја од седум месеци и да го оставам Сем. Многу го сакам и не сакам да бидеме разделени”.

Сепак, музичките магазини пишуваат дека мјузиклот на Лили најверојатно ќе најави нов сингл кој ќе се најде на саунтракот на претставата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *