Кои се Топ 10 вести на 21 век во светот?

6 мај, 20110
top10.2
Свадбата во британското кралско семејство е меѓу десетте водечки светски случувања во 21 век, објавени во медиумите, но кусо време откако се случи веќе е истуркана за една позиција надолу од вестите за смртта на Осама бин Ладен, објави новинската агенција “Ројтерс“, повикувајќи се на резултати од проучување на “Глобал ленгуиџ монитор“, пренесува Нетпрес.
Ликвидирањето на водачот на терористичката мрежа Ал Каеда, е третата најважна вест во медиумите од почетокот на столетиево.
За помалку од една недела, по објавувањето на информацијата за Бин Ладен, ова случување било тема во повеќе од 84 милиони публикации во печатените и во електронските медиуми.
Британската кралска свадба сега е на петтата позиција, и е пред веста за ненадејната смрт на светската поп-ѕвезда Мајкл Џексон, кој почина во 2009 година, со 56 милиони публикации. Кралската свадба има близу 63 милиони публикации во медиумите низ светот. Од почетокот на веков досега најтретирана е веста за економскиот и политички раст на Кина со повеќе од 300 милиони објавени информации. На второ место е изборот на Барак Обама за претседтаел на САД со 123 милиони публикации.
Компанијата “Глобал ленгуиџ монитор“ користела специјален софтвер, за да го следи објавувањето на светските водечките вести во 750.000 печатени и електронски медиуми, вклучувајќи ги и блоговите, но и социјалните мрежи “Фејсбук“, “Твитер“ и други.
Топ десетте водечки информации на 21 век во медиумите:
1. Подемот и растот на Кина
2. Изборот на Барак Обама за претседател на САД
3. Смртта на Бин Ладен
4. Викиликс
5. Британската кралска свадба
6. Ненадејната смрт на Мајкл Џексон
7. Терористичките напади на 11 септември 2001 во САД
8. Земјотресот и цунамито во Јапонија и нуклеарната хаварија во Фукушима
9. Востанијата во арапскиот свет
10. Глобалната економска криза
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *