ФИФА истражува повеќе од 300 натпревари

6 мај, 20110
fifa_logo

Светската куќа на фудбалот (ФИФА) истражува повеќе од 300 натпревари за кои се сомнева дека биле наместени, објавува ‘Дејли Телеграф’. ФИФА се сомнева дека судиите добивале најмалку по 10.000 долари за да ги наместат резултатите во пријателските натпревари и во дуелите во европските купови и национални првенства. Организаторите на местењата наводно на тој начин заработиле повеќе од стотина милиони долари во азиските кладилници. “Местењето натпревари е сериозна закана за интегритетот на фудбалот. Разговорите со вмешани лица ни открија дега организаторите со измама трошеле и по 300.000 долари за да наместат одреден резултат во пријателските натпревари на репрезентациите, само за да остварат значаен профит на секој од тие двобои” изјави шефот за безбедност на ФИФА, Крис Итон. Вработени во најмалку шест национални сојузи се под сомневање дека учествувале во измама која се водела од Малезија и Сингапур. ФИФА стравува дека на удар може да бидат две нејзини овогодишни натпреварувања, Светските првенства за играчи до 17 и до 20 години. “Имаме признание на личност со која разговаравме дека планирале да влијаат на млади фудбалери на годинешните првенства. Мора да воведеме превентивни мерки” додаде Итон. Под истрага се неколку натпревари од Лига на Европа, потоа дуели во германски и фински првенства, пријателски натпревари на репрезентациите на Кувајт, Јордан, Боливија, Латвија, Бугарија, Естонија, Малезија и Зимбабве.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *