Кои се трите најинтересни Европски фестивали оваа есен?:) aj “бујрум”:)))

popara25 септември, 20111min00
134424-1

Доколку ви е преку глава од класичните патувања, заобиколете ја Европа на поинаков начин. Посетете ги најинтересните фестивали во европските престолнини оваа есен и приредете си на себе една незаборавна забава.

Октобар фест – Минхен

За сите хедонисти кои сакаат да се веселат во дрштво на најдобрите пива и превкусните национални колбаси, а пред сè да уживаат во згодните келнерки, Октобар фест во Минхен е правиот избор. Еден од најголемите фестивали на кој секоја година се пијат околу 6 милиони литри пиво ќе трае до 3-ти Октомври. Не чекајте, ами фаќајте го патот под нозе и право во Минхен. Најефтина варијанта ви е да тргнете со воз.

Парада на џиновите – Барселона

Овој традиционален фестивал и оваа година се одржува во Барселона, на 24-ти Септември, а претставува прослава на државниот празник во чест нa девицата де ла Мерсе. Тој ден се одржува парада на џиновите, а на улиците ќе прошетаат огромни дрвени фигури со кои управуваат луѓе. Ќе има и музички настапи, спортски настани и огномет. Можете да отпатувате и во Санта Сузана, место оддалечено 60 километри од Барселона, каде ќе уживате во долгите песочни плажи. Девет полупансиони изнесуваат околу 300 евра по човек, со вклучен превоз.

Бела ноќ – Париз

Париз, градот на светлината, секоја година е домаќин на манифестација наречена „Бела ноќ“. Владеат културата и уметноста, а привлекуваат илјадници посетители. Сите галерии, музеи, градски куќи, базени и слично се бесплатни за посетителите. На посетителите омилени им се изведбите под неверојатна игри на светла какви што нема никаде на друго место во светот. Ако се одлучите да го посетите Париз на 1-ви Октомври, крајно време е да си резервирате лет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma