Кои земји се најопасни за жените?

popara15 јуни, 20111min00
zeni

Авганистан е најлошото место за жени во светот, а на второ место се најде Конго, по него Пакистан, според една нова студија од страна на фондацијата “Томсон Ројтерс“. Виското ниво на насилство, лошата здравствена заштита и сиромаштвото го направија Авганистан најлошо и најопасното место за живеење кога станува збор за жените.

Конго и Пакистан се најдоа на второто и третото место, а четврто рангирана беше Индија, пред се поради високиот број на насилни абортуси и трговијата со луѓе. На петтото место се најде Сомалија.

Во студијата биле вклучени 213 експерти од пет континенти од кои се побарало да ги рангираат земјите по опасност, пристапот до здравствени установи, насилство, дискриминација и трговијата со луѓе.

Пакистан се искачи толку многу поради убиствата и самоубиствата пред се за мираз или одбрана на честа. Индија се најде на четвртото поради абортусите, чедоморството и трговијата со луѓе.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma