Откриено зошто жените со часови седат пред огледало

15 јуни, 20110
Woman-in-front-of-Mirror

Мислењето дека поубавиот пол се дотерува и се средува само за да ги импресионира мажите е комплетен мит. Иако можеби многу припадници на појакиот пол ќе бидат разочарани, време е да ја дознаат правата вистина за жените и нивната потреба со часови да стојат пред огледалото.

Најновото истражување спроведено на две илјади девојки на возраст од 18 до 30 години, покажало дека жените се средуваат не поради мажите, туку поради жените.

Нивната потреба да седат со саати пред огледалото има само една причина, да ја импресионираат конкуренцијата.

Резултатите покажале дека две третини од жените мислат дека нивниот партнер ради ред ја кажуваат реченицата “супер изгледаш“, а дури 48% од жените кажале дека подраго им е кога ќе добијат комплимент од жена, отколку од маж. Половина од испитаничките изјавиле дека никогаш не се дотеруваат само за да им се допаднат на мажите, а 22% од нив кажале дека воопшто не им е битно што мислат мажите за нивниот изглед.

Објаснувањето лежи во фактот дека 26% од поубавиот пол смета дека нивниот партнер не се разбира во мода, а ги нервира тоа што тие скоро никогаш не ги приметуваат промените, како промена на фризура, фустан или шминка, пишува Dailymail.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi