Кој беше изневерен и со кого во светот на познатите светски ѕвезди?

popara17 јули, 20112min00
naslovna neverstva

Арнолд Шварценегер

Шокантна беше веста дека поранешниот гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер се разведува од својата сопруга по 25 години заеднички живот. Причината за разводот не беше само неверството на Шварци, туку и вонбрачниот син кој го криел сите овие години. Тој ја изневерл Марија Шривер, неговата сопруга многу пати, но од неверството со нивната куќна помошничка го има вонбрачното дете.

Бил Клинтон

Во 1998 година изби огромен скандал во врска со американскиот претседател Бил Клинтон. Додека тој беше на функција, и воедно и во брак со неговата сопруга Хилари Клинтон беше во врска со 23 години помладата од него, Моника Левински.

Џон Кенеди

Бил Клинтон не бил единствениот претесдател кој бил вклучен во секс скандали. И Џон Кенеди бил дел од нив. Тој во 1962 година имал афера со секс бомбата Мерлин Монро. Тогаш таа му ја отпеала фамозната роденденска песна : “Happy Birthday Mr. President”.

Џад Лоу

Холивудскиот пар Сиена Милер и Џад Лоу беа актуелни во 2005 година, кога тој ја изневери својата сопруга со 26 годишната дадилка која се грижеше за нивните деца. Тоа неверство беше пресудно за да се стави крај на нивниот брак.

Коби Брајант

Супер ѕвездата на Лејкерси во 2003 година беше дел од еден секс скандал заради кој заврши на суд. По само еден месец од раѓањето на неговата ќерка, тој ја изневери својата сопруга Ванеса со 19 годишна девојка. Тие имале секс во еден хотел. Потоа истата девојка го обвини за силување. Ванеса со прстен вреден 4 милиони долари стоеше на негова страна за време на судењето.

Тајгер Вудс

Многу жени во 2009 година пријавија дека имале секс со тајгер Вудс. Тоа предизвика неговата сопруга Елин Нортгерн да побара развод. Овој развод беше еден од најзабележаните во историјата бидејќи беше вреден милиони.

Џеси Џејмс

Оскаровката Сандра Булок и нејзиниот сопруг Џеси Џејмс се разведоа откако тој ја изневери со Мишел МекЏи. Тој за валканите работи кои ги имаше направено напиша и книга, во која беа напишани многу детали, а сетоа тоа многу ја погоди сандра. Таа го продолжи животот понатаму со својот посвоен син Луис.

Доналд Трамп

По 12 години брак, Доналд Трамп и неговата сопруга се разведоа откако тој ја изневери со актерката Марла Меплес. Ова беше најдобриот секс до сега, стоеше на насловните стани под сликата на Доналд. Тоа беше причина неговата сопруга да побара развод веднаш. Доналд се ожени со Марла многу набрзо, но во 1990 година се разведоа.

Еди Фишер

Фишер и неговаа сопруга Деби Рејнолдс беа блиски пријатели на Елизабет Тејлор. Таа во тие моменти била во тешка состојба бидејќи го загубила сопругот во авионска несреќа. Но, затоа Фишер се нашол тука да и помогне и да ја утеши пријателката. Така тие се венчале во 1958 година, а се развеле во 1964 година.

Хју Грант

Хју Грант беше во брак со Елизабет Харли шест години. Но во 1995 година, се случи секс скандал кој не се заборави. Прекрасната љубов на овој пар беше уништена со неверството на Хју со една американска проститутка.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag