Познатата пејачка го замени фустанот од месо со поинаков „мокар“ костим, и по стапките на Линдзи Лохан отиде да сурфа на плажите во Мексико.
Гага се соблече по бикини и за прв пат изгледаше „нормално“, односно без ексцентрична гардероба, шминка и фризура.
Таа дури успеа да стои на сурф даската.
Заборавете на нејзините смешни и откачените изгледи, рогови на главата или бизарните музички спотови, ова е најчудното нешто од Гага бидејќи за прв пат се појави во нормална варијанта.