Кој го загрозува Шенген?

11 мај, 20110
schengen2
Европската комисија и Европскиот парламент имаат различни мислења околу тоа дали новите прописи околу воведување на гранична контрола ќе претставува попуштање под притисокот на Италија и Франција или е прашање на вистинска потреба, пишува “Дојче Веле“, пренесува НетПрес.
Само што беше претставен предлогот на Европската комисија за заедничката европска стратегија околу прашањето за миграции и азил, кој меѓу останатото, предвидува и механизам за координирано и привремено воведување на гранична контрола во рамки на шенгенскиот простор, предизвикал жестоки политички дебати во Европската унија.
Сите се сложуваат околу една работа, а тоа е дека Шенгенот кој подразбира слободно движење на луѓето, е едно од најголемите достигнувања на ЕУ и тоа мора да се сочува. Но, околу поводот и начинот на измени на шенгенските правила мислењата се различни.
За претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, отворањето на границата меѓу државите и слободното движење на луѓето претставува голема цивилизациска придобивка. “Слободата на движење за Европа е исто што и темел на една куќа. Доколку го тргнете, целата конструкција ќе се доведе во прашање“, рекол Баросо.
Тој укажува и на слабоста во шенгенските прописи и повикува на итно зајакнување во управување со внатрешните и надворешните граници на ЕУ, како и подобра координација, солидарност и одговорност на земјите членки.
Воведување на гранична контрола, според Баросо, не е посакуваниот развој на Европа, ниту сега ниту во иднина, и тоа ќе биде апсолутно последниот избор во екстремни услови, а поголемиот број евро пратеници се против воведување на нов контролен механизам во внатрешните граници на ЕУ и ја преиспитуваат оправданоста на овој потег на Комисијата.
Дебатата на претставниците на Европската комисија и на Европскиот парламент околу можното воведување на внатрешни граници не можеле да поминат без да бидат споменати земјите од Западен Балкан, а на тоа остро реагирале евро пратениците бидејќи тие сметаат дека 27 илјади мигранти од Северна Африка не претставуваат криза како онаа во текот на војните во Босна и на Косово.
“Споредувајќи на пример 350 илјади бегалци во текот на војната во Косово, ние овде зборуваме за “мигрантско цунами““, оценил претседателот на Алијансата на либералите и демократите во Европскиот парламент Гај Верховстат.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi