Севиља со најголемата дрвена скулптура во светот

11 мај, 20110
metropol parasol 1

Некои мислат дека оваа скулптура е сосема на погрешно место и дека лошо делува на панорамската глетка на еден стар и убав град. Но, голем број на жители од Севиља ја сакаат, ново отворената скулптура “Metropol Parasol” и на неа гледаат како на подмладување на својот град. Секако ако поминете во нејзина близина сигурно ќе ја свртите главата за да ја видите во целост, а таа и официјално е  најголемата дрвена скулптура во светот.

На самата оваа скулптура постои и палуба со панорама на врвот каде може да се качат луѓето за да видат дел од градот. Конструкцијата има две функции, од аспект на културата и комерцијален.

Како и секој голем градежен објект, кој привлекува внимание, доби и свој прекар. Севиљаните почнаа да го викаат “печурка“. Структурата е со димензии од 150 по 70 метри и приближна висина од 26 метри. Структурата е на четри нивоа и е најголемата дрвена конструкција во светот.

За архитектот Jürgen Mayer H, оваа градба го претставува неговиот најголем професионален предизвик, за кој е користен моќен и многу скап софтвер за моделирање.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi