Кој троши повеќе пари за одмор: Ријана или Анабела? :)

25 август, 20110
85166 (1)

Сен Тропе – Ријана заедно со своите пријатели бескрајно му се радува на својот летен одмор. Оваа фотографија е од вчера кога Ријана е сликана како се забавува во монденското француско летувалиште, Сен Тропе.

Освен што ужива на јахтата, Ријана ги полни своите батерии и со сурфање по разбрануваното море.

Дубаи – Пејачката Анабела Буква, пак, со својот дечко Александар Саша Неделковиќ во средината на септември ќе отпатува на десетдневен одмор во Дубаи, во најлуксузниот хотел со 7 ѕвезди.

Се работи за комплексот „Бурж ел Араб“ во облик на едро, во кој една ноќ чини околу 3 илјади евра. Се вели дека Саша одлучил да ја израдува Анабела со патување на кое таа навистина ќе ужива. Се разбира дека одбрал совршено место за релаксација, кога веќе бил таму неколку пати и знае како да се опушти. Анабела потврдува:

–          Точно е дека со Саша одам на одмор во Дубаи, но за другите детаљи би било невкусно да коментирам – одговори таа накратко.

Па, сега вие одлучете кој ќе си помине поубаво: Ријана или Анабела? И, кажете дали нашиве балкански ѕвезди не знаат да уживаат?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi